Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.

Во текот на ноќта биле погодени повеќе области во регионот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „еден од најмасовните балистички напади врз Киев“ од почетокот на целосната руска инвазија.

Украинската војска соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 18 од вкупно 41 ракета. Системите за одбрана исто така пресретнале 108 беспилотни летала.

Во меѓувреме, Украина продолжува со сопствени напади врз цели во Русија. 

 

Слични новости

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанија нема да издава пасоши на етничките Албанци во Северна Македонија откако неговата земја ќе се приклучи на ЕУ, за разлика од она што го направи Бугарија.

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран ако се обидат да ме убијат

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран ако се обидат да ме убијат

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со масовен воен одговор доколку иранските власти се обидат врз него да извршат атентат. Наредбите се веќе издадени и дека американската војска е подготвена „целосно да ги десеткува и уништи сите подрачја на Иран“.