Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.
Во текот на ноќта биле погодени повеќе области во регионот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „еден од најмасовните балистички напади врз Киев“ од почетокот на целосната руска инвазија.
Украинската војска соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 18 од вкупно 41 ракета. Системите за одбрана исто така пресретнале 108 беспилотни летала.
Во меѓувреме, Украина продолжува со сопствени напади врз цели во Русија.
Слични новости
Америка повторно воведе блокада на иранските пристаништа
Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе го спречи целиот извоз на енергенти од Блискиот исток поради американската блокада. „Извозот на нафтата и гасот од регионот ќе бидат или за сите или за никого“ наведе официјален Техеран.
Трамп му се закани на Иран: Потпишете спогодба или следат уште посилни удари
Во интеврју за телевизијата „Фокс њуз“ Трамп рече дека американските сили ќе продолжат со нападите „се додека не процени дека е доволно“, оценувајќи дека иранските воени капацитети се сериозно ослабнати.
Трамп ја покренува мисијата „Ангел чувар“ со кој Америка треба да ја преземе контролата врз најважниот теснец во светот
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз Ормутскиот теснец и најави дека Вашингтон ќе отпочне сили удари против Иран.


