Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.
Во текот на ноќта биле погодени повеќе области во регионот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „еден од најмасовните балистички напади врз Киев“ од почетокот на целосната руска инвазија.
Украинската војска соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 18 од вкупно 41 ракета. Системите за одбрана исто така пресретнале 108 беспилотни летала.
Во меѓувреме, Украина продолжува со сопствени напади врз цели во Русија.
Слични новости
Пекинг ги демнатираше обвинувањата на Трамп: не се мешаме во изборите во САД
Кина денеска ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидела да влијае врз изборите во Америка и дека наводно собрала податоци за милиони американски избирачи, истакнувајќи дека Пекинг не се меша во внатрешните работи на други држави.
Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај
Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.
Трамп бара да им се одземат лиценците на телевизиите што не го пренесуваа во живо неговиот говор
Претседателот на Америка Доналд Трамп денеска изјави дека на телевизиските мрежи кои не го емитуваа неговиот говор за безбедноста на изборите во Америка треба да им се одземат дозволите за емитување програма.


