Русија во неделата го изврши најголемиот воздушен напад во Украина за речиси три месеца, лансирајќи 120 проектили и 90 беспилотни летала, во кои загинаа седум лица и предизвикувајќи голема штета на електричната мрежа, соопштија украинские власти.
Веќе со седмици украинските власи очекуваа уште еден руски напад врз енергетскиот систем кој веќе започна, стравувајќи од долги зимски прекини и сè посилен психолошки притисок по речиси 1.000 дена откако Русија изврши инвазија во соседната земја.
Руските воздушни напади предизвикаа бројни прекини во електричната енергија, оставајќи ги луѓето без струја и греење, во услови на неизвесност околу претстојното враќање во Белата куќа на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе ја доведе војната до крај и ги зголеми шансите дека ќе заговара започнување мировни преговори.
Во текот на ноќта одекнаа неколку силни експлозии во центарот на Киев, а се слушаше и украинска противвоздушна одбрана во обидот да собори беспилотни летала. Жителите побараа засолниште во метрото, сите облечени во зимски капути и јакни, пренесува Reuters.
„Тешки оштетувања на енергетскиот систем на Украина, вклучително и трафостаниците на приватната електроенергетска компанија ДТЕК. Овие напади повторно укажуваат дека на Украина и се потребни дополнителни системи за воздушна одбрана од нашите сојузници“, соопшти Максим Тимченко, извршен директор на ДТЕК.
Официјални лица ја потврдија штетата на „клучната инфраструктура“ на Украина предизвикана од „масивниот комбиниран воздушен напад“ на руската војска и прекините на електричната енергија низ целата земја, од Вокин, Ривна, Лавов до Днепропетровск на запад и Запорожје на југоисток
ДТЕК воведе итен прекин на струја во областа Одеса, но ја откажа мерката и во три други области. Во тек се поправки во Одеса, Ривна и Волин, објави државниот оператор Укренерго.
„Целта на непријателот е енергетската инфраструктура низ Украина“, рече претседателот Володимир Зеленски.
Украинската армија соопшти дека соборила 104 проектили и 42 беспилотни летала, а 41 беспилотно летало исчезнало од радарот. Најмалку седум лица загинаа во нападите на Миколаев, Лавов, Одеса и Днепропетровск.
„Русија изврши еден од најголемите воздушни напади: беспилотни летала и проектили против мирни градови, заспани цивили, критична инфраструктура“, изјави шефот на дипломатијата Андриј Сибиха.
Тој го опиша нападот како „вистински одговор“ на Москва на светските лидери кои разговараа со претседателот Владимир Путин, што е очигледна критика на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој во петокот разговараше со рускиот лидер првпат од крајот на 2022 година.
Како мерка на претпазливост против руските воздушни напади, Полска, членка на НАТО која граничи со Украина на запад, ги приземји своите воени авиони во нејзиниот воздушен простор.
Од неодамна, руските сили забрзано напредуваат на исток, во обид да ја освојат целата индустриска област Донбас. Украинските сили се обидуваат да ја задржат територијата што ја зазедоа во рускиот регион Курск уште во август но таа е сведена само на малото гратче Суџа каде е гасната пумпна станица преку која рускиот гас преку Украина се транспортира во централна Европа, меѓутоа во Киев и покрај огромните загуби во жива сила и воена опрема се надеваат дека тоа еден ден може да се покаже корисно во преговорите.
Во моментов Русија држи една петтина од територијата на Украина.
Во својата изјава полскиот премиер Доналд Туск беше со слични ставови како и неговиот украинска колешка Сибиха.
„Нападот извршен синоќа, еден од најголемите во војната, е доказ дека телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка на целиот Запад. Следните недели ќе бидат одлучувачки, не само за самата војна, туку и за нашата иднина “, рече Туск.
Слични новости
Значително јакнење на кинеско-бразилските односи
Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој
Бајден наполни 82 години и стана најстариот американски претседател на должност
Американскиот претседател Џо Бајден во средата наполни 82 години, возраст до која ниту еден друг челник на Соединетите држави досега не ја достигнал
Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина
Анкетите покажуваат дека идејата за мировни преговори со Русија почнува да наидува на одобрување меѓу луѓето, дури и ако тоа значи загуба на територии во тој процес. Според анкетите, се повеќе Украинци се залагаат за мировни преговори, а намалена е и бројката на оние што се уверени дека на крај Украина ќе победи во војната.