Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската воена единица за заштита од радијација и хемиски и биолошки закани генерал-потполковник Игор Кирилов.
Станува збор за 29 годишен жител на Узбекистан, кој како што наведува ФСБ, бил регрутиран од украинската специјална служба и му била ветена награда од 100.000 долари и заминување во една од земјите на ЕУ.
Уапсениот е Ахмад Курбанов кој го активирал рачно направениот експлозив во близина на станбена зграда во Москва со што ги уби генерал Кирилов и неговиот помошник мајор Поликарпов.
Осомничениот признал дека подготовките за терористичкиот напад траеле неколку месеци. Според неговите зборови, тој во Москва дошол по инструкции на украинската специјална служба.
До него стигнале компонентите од номбата, ги примил, а потоа се подготвил и ја поставил бомбата во близина на зградата на генералот.
Слични новости
Нетанјаху во проверка на ситуацијата на Голан
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети тампон зоната во Сирија во која влезе израелската војска по падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Украина разоткрила 12 агенти кои шпионирале за Русија
Украинската безбедносна служба СБУ во вторникот објави дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија за да ги откријат локациите на авионите „F-16“ и системите за противвоздушна одбрана во Украина
Русија ќе го зајакне својот балистички арсенал со нови ракети и тестирања
Русија го зајакнува својот балистички арсенал со нови стратешки ракетни системи, планира да лансира ракета со максимален дострел и може да го зголеми бројот на тестови како одговор на растечките надворешни закани