Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската воена единица за заштита од радијација и хемиски и биолошки закани генерал-потполковник Игор Кирилов.

Станува збор за 29 годишен жител на Узбекистан, кој како што наведува ФСБ, бил регрутиран од украинската специјална служба и му била ветена награда од 100.000 долари и заминување во една од земјите на ЕУ.

Уапсениот е Ахмад Курбанов кој го активирал рачно направениот експлозив во близина на станбена зграда во Москва со што ги уби генерал Кирилов и неговиот помошник мајор Поликарпов.

Осомничениот признал дека подготовките за терористичкиот напад траеле неколку месеци. Според неговите зборови, тој во Москва дошол по инструкции на украинската специјална служба.

До него стигнале компонентите од номбата, ги примил, а потоа се подготвил и ја поставил бомбата во близина на зградата на генералот.

Слични новости

RSF: Годинава во светот се убиени 54 новинари, третина убила израелската војска

RSF: Годинава во светот се убиени 54 новинари, третина убила израелската војска

Годинава 54 новинари се убиени во текот на својата работа или поради тоа, објави организацијата Репортери без граници (Reporters sans frontières; RSF), а најголема опасност за новинарите е израелската којска која според RSF убила 18 новинари

Најмалку 35 Палестинци се убиени во израелските напади во Газа

Најмалку 35 Палестинци се убиени во израелските напади во Газа

Најмалку 35 Палестинци се убиени утринава во израелски бомбардирања на различни подрачја на Појасот Газа, јави палестинската новинска агенција Вафа. Генералното собрание на Обединетите нации доцна синоќа усвои резолуција со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас