Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската воена единица за заштита од радијација и хемиски и биолошки закани генерал-потполковник Игор Кирилов.
Станува збор за 29 годишен жител на Узбекистан, кој како што наведува ФСБ, бил регрутиран од украинската специјална служба и му била ветена награда од 100.000 долари и заминување во една од земјите на ЕУ.
Уапсениот е Ахмад Курбанов кој го активирал рачно направениот експлозив во близина на станбена зграда во Москва со што ги уби генерал Кирилов и неговиот помошник мајор Поликарпов.
Осомничениот признал дека подготовките за терористичкиот напад траеле неколку месеци. Според неговите зборови, тој во Москва дошол по инструкции на украинската специјална служба.
До него стигнале компонентите од номбата, ги примил, а потоа се подготвил и ја поставил бомбата во близина на зградата на генералот.
Слични новости
Туск: Нема планови за испраќање полски војници во Украина при прекин на огнот
Полска не планира да испрати војници во соседна Украина, изјави во четвртокот премиерот Доналд Туск
Трамп ја критикува Украина за нападот во Русија со американски ракети
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја критикуваше Украина за употребата на американски ракети за напади длабоко на руска територија, во интервју за магазинот Time објавено во четвртокот
Магазинот Time го објави Доналд Трамп за личност на 2024.
Американскиот магазин Time во четвртокот за личност за 2024 година го прогласи Доналд Трамп, политичар избран по вторпат за претседател на САД по неколку судски пресуди и откако избегна два обида за убиство