Руската централна банка поднесе тужба во Москва барајќи 230 милијарди долари отштета од белгиската клириншка куќа „Euroclear“, првиот чекор откако Кремљ предупреди дека тоа ќе биде правен кошмар за Европската унија поради плановите за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина.
Европската унија сака да искористи дел од средствата на Руската централна банка во вредност од приближно 210 милијарди евра, запленети во Европа откако Москва ја започна инвазијата во Украина во февраури 2022 година, за да обезбеди заем за воените и цивилните потреби на Киев во 2026 и 2027 година.
Челниците на ЕУ се согласија во петокот да ги замрзнат средствата до натамошно известување, тврдејќи дека мора да ја поддржат Украина бидејќи ако не го сторат тоа, наводно Москва еден ден би можела да го нападне НАТО, тврдење што Русија го негира.
Правните експерти очекуваат Московскиот трговски суд да донесе брза пресуда против „Euroclear“, депозитарот со седиште во Белгија, кој ги чува повеќето средства. Судот соопшти дека на 12-ти декември добил барање од централната банка со кое се бараат 18,2 трилиони рубљи – целосната вредност на замрзнатите државни средства на Русија.
Доколку централната банка го добие спорот, таа би можела да побара спроведување на средствата на „Euroclear“ во други јурисдикции, особено оние што Русија ги смета за „пријателски“.
„Euroclear“ не одговори веднаш на барањето за коментар од Reuters.
Русија постојано ја предупредуваше ЕУ дека користењето на нејзините суверени резерви претставува кражба, ја поткопува довербата во централните банки и еврото и вети силен одговор, вклучително и запленување на средствата на европските приватни инвеститори во Русија.
„Кој рационален инвеститор би ги задржал своите хартии од вредност во Euroclear… ако разбере дека нивните имотни права не се почитуваат и дека нивните средства можат да бидат запленети под кој било изговор“, изјави за Reuters инвестицискиот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев.
Руската централна банка на 12-ти декември изјави дека плановите на ЕУ да ги заплене нејзините средства се нелегални и дека го задржува правото да ги користи сите расположливи средства за да ги заштити своите интереси.
Имплементацијата ќе биде оспорена пред „националните судови, судските тела на странски држави и меѓународни организации, арбитражните судови и други меѓународни правни тела“, се вели во соопштението.
Плановите за користење руски пари наидоа на делумно противење во Европа, а банкарите предупредуваат дека запленувањето на толку голема количина државен имот би било правно сомнително и би претставувало преседан.
Документ од 2024 година објавен од шведската Riksbank вели дека таков потег би бил првпат земјите кои не се во војна да запленат средства на земка која е во војна во тековна војна за да помогнат на трета земја.
Предлозите на ЕУ се спротивни на идејата што се споменува во некои верзии на мировниот план на САД дека руските резерви би можеле да се поделат, при што дел би се искористиле за обнова на Украина, а дел за создавање инвестициски инструмент на САД и Русија.
Дмитриев ги нарече плановите на ЕУ „удар врз системот на меѓународни резерви создаден од Соединетите Американски Држави“.
Слични новости
Швајцарската влада благо ја зголеми проценката за економскиот раст
Швајцарската влада во понеделникот благо ја зголеми проценката за економскиот раст во 2026 година, тврдејќи дека договорот со САД за пониски царини треба да го олесни влијанието на трговските бариери врз извозот
Европските берзи растат на почетокот од седмицата, азиските во пад
На европските берзи, цените на акциите пораснаа во речиси сите главни сектори во понеделник во претпладневното тргување, со што ги надоместија сите загуби од минатата седмица
Доларот благо ослабе, цените на нафтата растат
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути дополнително благо падна, откако минатата седмица се лизна за 0,6 отсто


