Поранешниот бугарски претседател Румен Радев со својата централно-левичарска „Прогресивна Бугарија“ е апсолутен победник на изборите во Бугарија со освоени 45 насто од гласовите. Резултатите од пребројувањето на гласовите сеуште не се конечни, но најверојатно е дека тој ќе освои 135 мандата во парламентот со 240 седишта и самиот ќе има мнозинство за формирање на влада.

Изборниот резултат навестува дека Бугарија ќе исплива од долгогодишната политичка криза, бидејќи во земјата за пет години дури осум пати се одржаа парламентарни избори, а бугарските влади беа резултат на неприродни коалиции и многу лесно паѓаа.

„Продолжуваме со промените“ на Асен Василев и „ГЕРБ“ на поранешнот премиер Бојко Борисов освоија по околу 13 насто од гласовите и секоја од нив ќе има помалку од 40 пратеници. Цензусот од 4 насто за влез во парламентот го надмина и националистичката „Взраждане“ со освоени 4,35 насто од гласовите.

Тој им вети на Бугарите решитална борба против корупцијата и ги поддржа антивладините протести во декември, кога поднесе оставка на функцијата претседател и формираше своја партија.

Румен Радев е познат по тврдите ставови во однос на преговорите со Македонија, беше противник на европската помош кон Украина и е обвинуван за блиски односи со Москва.

Слични новости

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Иранскиот напад предизвика загриженост во Вашингтон бидејќи Техеран со години тврди дека дострелот на неговите ракети е 2.000 километри, додека нападот покажува дека Иран има капацитет да нападне цели и на 4.000 километри.