Шефот на бугарската држава Румен Радев денеска пред бугарскиот Уставен суд треба да поднесе оставка на функцијата, објави БГНЕС. Оставката ја најави самиот Радев во вонредното обраќање до нацијата во понеделникот на 19 јануари.

Радев не го завршува својот претседателски мандат и ќе учествува на следните парламентарни избори, чиј датум на одржување ќе го објави Илијана Јотова.

Румен Радев е првиот претседател на Бугарија кој е избран на непосредни избори, а не го довршува својот мандат.

Тој е петтиот претседател на Бугарија избран на демократски избори. За прв пат беше избран во 2016, а потоа во 2021. Во текот на годинава ќе бидат одржани и претседателки избори во Бугарија.

Ројтерс бјави дека Радев најверојатно ќе создаде своја политичка партија со која ќе настапи на следните вонредни парламентарни избори.

Светските агенции пишуваат дека Радев изразувал силен скептицизам и незадоволство кон одлуката Бугарија да се приклучи кон еврозоната и е политичар кој ја има поддршката од Кремљ.

Еуроњуз анализира дека радев може да ги промени односите во внатрешната политика на Бугарија, но и да донесе пресврт во нејзината надворешна политика.  

 

 

Слични новости

Царините на САД паднаа на суд, Америка враќа 166 милијарди долари

Царините на САД паднаа на суд, Америка враќа 166 милијарди долари

Администрацијата на Доналд Трамп почна да прима барања од компании за враќање на повеќе од 166 милијарди долари наплатени царини, откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот немал законско овластување да ги воведе преку вонредните економски овластувања.

САД запленија брод под иранско знаме

САД запленија брод под иранско знаме

Веста ја доведе во прашање претходната најава на претседателот на САД Доналд Трамп дека американските преговарачи ќе се упатат кон Пакистан денеска на уште една рунда разговори со Иран и веднаш ја крена цената на нафтата на светските берзи.