Германскиот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се извини за своето однесување во поразот од 2:3 од Барселона во саботата во финалето на Купот на кралот, кога доби директен црвен картон откако избувна во бес и фрли предмет кон судијата.
Инцидентот се случи кога судијата досуди прекршок од напаѓачот Килијан Мбапе врз дефанзивецот Ерик Гарсија, со што му ја одзеде на Реал последната шанса да израмни неколку моменти откако Жил Кунде од Барселона го постигна победничкиот гол во 116. минута.

Одлуката на Рикардо де Бургос Бенгоецеа предизвика излив на гнев кај играчите на Реал Мадрид, особено кај Рудигер кој беше на клупата бидејќи беше заменет претходно. Германецот доби директен црвен картон поради својата реакција и мораше да биде задржан од соиграчите и тренерскиот персонал за да го спречат да истрча на теренот и да фрла кеси со мраз кон судијата.
„Дефинитивно нема оправдување за моето однесување синоќа. Многу ми е жал за тоа“, напиша Рудигер на своите социјални мрежи во неделата.
„Одигравме многу добар натпревар во второто полувреме. По 111 минути повеќе не можев да му помогнам на мојот тим, а пред последниот свиреж направив грешка. Уште еднаш им се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа“, напиша дефензиецот на мадриѓаните.
Неговите соиграчи Лукас Васкез и Џуд Белингам, исто така, добија црвени картони за неспортско однесување по последниот свиреж.
Рудигер би можел да биде суспендиран од четири до 12 натпревари според прописите на Шпанската фудбалска федерација, а бидејќи тоа се смета за сериозна казна, тој би морал да ја отслужи казната во сите домашни натпреварувања, вклучително и во Ла Лига.
Реал Мадрид, минатогодишниот шпански и европски шампион, е четири бода зад лидерот Барселона во лигата, а до крајот на сезоната остануваат уште пет натпревари.
Слични новости
Ливерпул е шампион на Англија по 20. пат
Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20. титула во англискиот шампионат откако го победија Тотенхем со 5:1 на домашен терен во 34. коло од Премиер лигата
ФА Куп: Манчестер Сити во финалето
Во полуфиналниот натпревар од англискиот ФА Куп на „Вембли“, Манчестер Сити го победи Нотингем Форест со 2:0
Асефа постави светски рекорд на маратонот во Лондон
Етиопјанката Тигст Асефа го собори светскиот рекорд во маратон во неделата, победувајќи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50