Американскиот државен секретар Марко Рубио во неделата изјави дека и Украина и Европската унија треба да бидат вклучени во преговорите за ставање крај на војната со Русија, по стравувањата дека САД и Русија ќе водат само билатерални разговори.
„Доколку се започнат вистински преговори, а тие сè уште не се започнати, но кога ќе започнат, Украина ќе биде поканета бидејќи тие се оние на коишто е извршена агресија“, изјави Рубио за американската телевизија CBS.

„И Европејците, исто така, ќе бидат вклучени затоа што воведоа санкции против Путин и Русија и тие се вклучени во сето ова“, рече Рубио, предупредувајќи дека преговорите „сѐ уште не се тука“.
Американскиот државен секретар во моментов е во Ерусалим, каде што одржа прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Оттаму, Рубио патува во Саудиска Арабија за да се сретне со руските претставници, придружуван од американскиот специјален пратеник Стив Виткофд и советникот за национална безбедност Мајк Волц.
Рубио во интервјуто не кажа кој ќе биде во руската делегација и кога точно ќе започне средбата.
На преговорите во Саудиска Арабија нема да присуствуваат ниту украински, ниту европски претставници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно на американската телевизија изјави дека нема да прифати никакво мировно решение во кое Украина не е учесник.
Тој, исто така, побара од САД безбедносни гаранции. Без нив, опаѓа можноста за економски пакт со САД, кој вклучува пристап до ретки минерали пронајдени во Украина.
Рубио истакна дека прелиминарните преговори сега мора да бидат проследени со акција. „Следните неколку недели и денови ќе одлучат дали преговорите се сериозни или не. Еден телефонски повик и една средба не можат да решат конфликт.
Слични новости
Средба на воените команданти на Лондон и Париз пред преговорите за Украина
Британските и француските воени команданти се состанаа во Лондон на почетокот на седмицата којашто ќе ја одбележат дополнителни разговори за плановите за мировната мисија во Украина
Белата куќа очекува позитивно соопштение од преговорите за Украина
Преговорите предводени од САД во саудиската престолнина Ријад со делегациите од Украина и од Русија напредуваат добро и наскоро се очекува позитивно соопштение
ОН повлекуваат третина од меѓународниот персонал од Газа
Обединетите нации повлекуваат околу една третина од својот меѓународен персонал од Појасот Газа по нападите врз работниците на светската организација во палестинската енклава која е под израелската одмазничка инвазија од ланскиот октомври