Американскиот државен секретар Марко Рубио во неделата изјави дека и Украина и Европската унија треба да бидат вклучени во преговорите за ставање крај на војната со Русија, по стравувањата дека САД и Русија ќе водат само билатерални разговори.
„Доколку се започнат вистински преговори, а тие сè уште не се започнати, но кога ќе започнат, Украина ќе биде поканета бидејќи тие се оние на коишто е извршена агресија“, изјави Рубио за американската телевизија CBS.

„И Европејците, исто така, ќе бидат вклучени затоа што воведоа санкции против Путин и Русија и тие се вклучени во сето ова“, рече Рубио, предупредувајќи дека преговорите „сѐ уште не се тука“.
Американскиот државен секретар во моментов е во Ерусалим, каде што одржа прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Оттаму, Рубио патува во Саудиска Арабија за да се сретне со руските претставници, придружуван од американскиот специјален пратеник Стив Виткофд и советникот за национална безбедност Мајк Волц.
Рубио во интервјуто не кажа кој ќе биде во руската делегација и кога точно ќе започне средбата.
На преговорите во Саудиска Арабија нема да присуствуваат ниту украински, ниту европски претставници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно на американската телевизија изјави дека нема да прифати никакво мировно решение во кое Украина не е учесник.
Тој, исто така, побара од САД безбедносни гаранции. Без нив, опаѓа можноста за економски пакт со САД, кој вклучува пристап до ретки минерали пронајдени во Украина.
Рубио истакна дека прелиминарните преговори сега мора да бидат проследени со акција. „Следните неколку недели и денови ќе одлучат дали преговорите се сериозни или не. Еден телефонски повик и една средба не можат да решат конфликт.
Слични новости
Шефот на иранската дипломатија вели дека сè уште нема услови за разговори со САД
Разговорите со Соединетите држави повеќе не се можни освен доколку не се променат одредени работи, ја цитираат во неделата иранските државни медиуми изјавата на министерот за надворешни работи Абас Аракчи, додека Вашингтон чека одговор на поканата за преговори за нов нуклеарен договор
Градоначалникот на Истанбул во притвор до судењето
Турскиот суд во неделата нареди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу да биде притвоен во очекување на судењето, објавија државните медиуми
Трамп: Напорите да се запре ескалацијата на војната во Украина „донекаде под контрола“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека напорите за запирање на понатамошната ескалација на војната меѓу Русија и Украина се „донекаде под контрола“