Американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот на состанокот со данскиот министерс за надворешни работи Ларс Лоек Расмусен ги потврди „силните односи“ меѓу Соединетите држави и Данска, соопшти Стејт департментот по нивните разговори во Брисел.

Средбата се одржа по неколкумесечните тензии меѓу Вашингтон и Копенхаген поради повторените изјави на претседателот Доналд Трамп дека Гренланд, полуавтономна данска територија, треба да стане дел од САД.

Американскиот потпретседател ЏекДи Венс минатиот петок ја посети американската воена база на северот на Гренланд и ја обвини Данска дека не прави добри нешта за тамошното население и за островот, и посочи дека САД подобро би ја чувале оваа стратешка територија. .

Данската премиерка Мете Фредериксен, која рече дека народот на Гренланд треба да одлучи за нивната иднина, изјавата на Венс за Данска ја нарече „нечесна“.

Според Стејт департментот, Рубио и Расмусен денеска не го спомнале Гренланд, туку разговарале за „заедничките приоритети, вклучително и зголемување на трошоците за одбрана на НАТО и споделување на товарот“. Тие разговарале и за заканите со кои се соочува западната воена алијанса, вклучително и оние кои доаѓаат од правец на Русија и Кина.

Фредериксен слета во Нук вчера како дел од тридневната посета на Гренланд и вети поддршка на Данска за островот во заднината на плановите на Трамп да го контролира тој дел од Арктикот.

globe

Слични новости

Хасет: САД се блиску до постигнување договори со одредени трговски партнери

Хасет: САД се блиску до постигнување договори со одредени трговски партнери

Соединетите држави разгледуваат понуди од 15 земји за царински договори и се блиску до договор со некои од нив, изјави во четвртокот економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хасет, откако претседателот Доналд Трамп ги намали повеќето царини во неочекуван пресврт

ЕК ја поздравува објавата на Трамп за запирањето на царините за 90 дена

ЕК ја поздравува објавата на Трамп за запирањето на царините за 90 дена

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во четвртокот ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира „реципрочните“ тарифи на 90 дена, нагласувајќи дека ЕУ останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне непречена и заемно корисна трговија.

Шокирачкиот пресврт на Трамп со царините ја фокусира трговската војна на Кина

Шокирачкиот пресврт на Трамп со царините ја фокусира трговската војна на Кина

Ненадејната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира огромните царини што штотуку ги наметна на десетици земји доведе до скок на глобалните берзи во четвртоко, дури и откако тој ја интензивираше трговската војна со Кина