Американскиот државен секретар Марк Рубио изјави дека на своето патување откако стапи на должноста ќе ги посети Панама, Ел Салвадор, Костарика, Гватемала и Доминиканската Република, како и дека тие посети означуваат дека лидерството на САД се „вратило на западната хемисфера“, и дека Америка е подготвена да застане со своите регионални партнери.
„Фокусирањето на заеднички приоритети ќе ги засили стабилноста, безбедноста и просперитетот кај нас дома и во нашиот регион“ порача Рубио кој додаде дека американската надворешна политика предолго се фокусирала врз други региони додека ги превидела оние во нејзината близина, занемарувајќи ги партнерите и пријателите.
Рубио истакна дека тоа сега се завршува и дека „амбициозната надворешно-политичка програма на председателот Трамп почнува блиску до куќата“, со обезбедување на границите на САД. Рубио рече и дека земјите во регионот, што побргу се градат и развиваат, толку полесно ќе може да се спротивстават на влијанието на земјите како Кина.
Споре зборовите на Рубио американскиот Стејт департмент од сега ќе има пристап во надворешната политика кој се заснива врз конкретни заеднички интереси, а не врз нејасни флоскули или утописки идеологии. “
Слични новости
Вработените во FBI мора да ги откријат своите улоги во истрагите за нападот на Капитол
Вработените во американското Федерално биро за истраги (FBI) во неделата добиле наредба да одговорат на прашалникот за секоја активност што можеби ги вршеле во однос за кривичните случаи поврзани со упадот на вашингтонски Капитол на 6 јануари 2021 година
Европа предупредува на економски штети од трансатлантската трговска војна
Високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, рече дека ако САД и Европа започнат трговска војна, „тогаш таа што се смее отсрана е Кина“
Експлозија во Москва: Високо рангиран проруски паравоен припадник почина во болница
Армен Саркисијан, висок припадник на проруските паравоени сили од источна Украина, почина во понеделник во болница од повреди здобиени во експлозија на бомба во станбен комплекс во Москва