Американскиот државен секретар Марк Рубио денеска изјави дека окончувањето на војната во Украина бара и Русија и Украина да прифатат тешки, но неопходни отстапки.
„Окончувањето на сложената и смртоносната војна како што е оваа во Украина бара широка размена на сериозни и реалистични идеи. Затоа развиваме листа на потенцијални идеи за окончување на војната врз основа на придонес на двете страни во конфликтот“, порача Рубио.
Американскиот претседател Доналд Трамп неделава одобри план од 28 точки за мир меѓу Украина и Русија.
Планот предвидува Украина да ги отстапи преостанатите делови од Донбас, да ги преполови своите оружени сили и да се отјкаже од клучни категории вооружување.
Исто така, би била намалена американската воена помош и би било забрането распоредување на на странски трупи на украинска територија.
Планот вклучува и признавање на рускиот јазик како официјален во Украина.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


