Американскиот Стејт департмент објави дека ќе го означи т.н. „Картел на Сонцата“ (Cartel de los Soles), сомнителен криминален групација наводно составен од високи венецуелски функционери, како терористичка организација. Одлуката ќе стапи во сила на 24 ноември, јави dpa.
„Со седиште во Венецуела, Картелот на Сонцата е предводен од (претседателот) Николас Мадуро и други високи поединци од нелегитимниот режим на Мадуро кои ја корумпираа венецуелската војска, разузнавањето, законодавството и судството“, тврдеше без да изнесе докази американскиот државен секретар Марко Рубио во кратка изјава.
„ Ниту Мадуро, ниту неговите соработници не ја претставуваат легитимната влада на Венецуела. Картелот на Сонцата, заедно со други означени странски терористички организации (ФТО), вклучувајќи ги Трен де Арагуа и Картелот Синалоа, е одговорен за терористичко насилство низ нашата хемисфера, како и за трговија со дрога во САД и Европа“, додаде Рубио.
Се смета дека Трен де Арагуа, најмоќната банда во Венецуела, е поврзана со трговија со дрога, изнуда, нелегално рударство и шверц на луѓе, и ги прошири своите операции во други латиноамерикански земји и САД. САД ја означија групата како терористичка организација на почетокот на оваа година.
Според американската администрација, режимот на Мадуро ја претворил Венецуела во нарко-држава, влегувајќи во партнерство со колумбиската герила за извоз на дрога во Европа и САД преку организација позната како Картел де лос Солес – Картел на Сонцата. Мадуро ги отфрли обвинувањата.
Веќе неколку седмици, американските сили напаѓаат бродови во близина на брегот на Венецуела, за кои се сомнева дека шверцуваат дрога во САД но нема докази. ПРитоа изведени се над 20 напади во кои се убиени над 80 луѓе. Каракас го осуди значителното американско воено присуство во областа како заканувачки гест. Нападите, исто така, предизвикаа меѓународни критики и ги поттикнаа Обединетите нации да ги повикаат САД на воздржаност.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


