Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и главниот преговарач на Украина, Андриј Еермак, во неделата го поздравија „добриот напредок“ во тековните разговори во Женева за планот на американскиот претседател Доналт Трамп за запирање на војната со Русија, а украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за неговите напори да ѝ помогне на Украина.

„Мислам дека имавме веројатно најпродуктивната и најзначајната средба досега во целиот овој процес“, им рече Рубио на новинарите, додавајќи дека делегациите ќе продолжат со своите дискусии.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека Украина им е благодарна на Соединетите држави и на претседателот Доналд Трамп за сите напори на Вашингтон насочени кон помагање на Киев.

„Украина е благодарна на САД, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи од Javelin (противтенковски ракети), спасува украински животи“, напиша Зеленски на Telegram откако Трамп рече дека украинските челници не изразиле „никаква благодарност“ за американската помош.

Зеленски, исто така, изрази благодарност до Европа и групите земји од Г7 и Г20 за нивната помош, велејќи дека напорите за одржување на таа поддршка се важни.

„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да се разработи правилно за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме повторно да се случи војна“, напиша Зеленски.

globe

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер