Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и државниот секретар Марко Рубио ќе разговараат за напорите за ставање крај на војната во Украина со европските колеги во четврток во Париз, објави во четвртокот BBC.
Овие разговори се највисокиот ангажман на трансатлантската алијанса за војната од февруари. Последните месеци, американската влада не брза да се консултира со своите европски сојузници, пишува BBC.

Се оценува дека значењето на оваа средба лежи во тоа што воопшто се одржува. Виткоф и Рубио ќе се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот тим.
Американскиот државен секретар ќе оствари средба со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами во присуство на француски и германски колеги. Ќе бидат вклучени и европски советници за национална безбедност.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека фокусот ќе биде на тоа како да се стави крај на борбите во Украина, а Виткоф ќе извести за неговата минатонеделна средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Европските дипломати рекоа дека ќе ги повикаат САД да извршат поголем притисок врз Русија за да се согласи на безусловен прекин на огнот.
„Сакаме САД да го користат стапот уште малку“, рече еден официјален претставник.
Слични новости
Белата куќа ја поддржува теоријата дека ковид-19 потекнува од лабораторија
Белата куќа на својата официјална веб-страница објави поддршка за теоријата дека коронавирусната болес ковид-19 потекнува од лабораторија
Трамп: Ако нема договор за Украина, САД ќе се повлечат „многу брзо“
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот предупреди дека Соединетите држави се подготвени „многу брзо“ да преминат на нешто друго доколку Москва и Киев не постигнат договор за ставање крај на војната
Објавени илјадници документи за атентатот на Роберт Кенеди
Националниот архив на и разузнавањето на САД објави илјадници страници поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди, објави институцијата, откако претседателот Доналд Трамп нареди објавување на досега податоците кои носеа ознака доверливо