Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, рече државниот секретар Марко Рубио во интервјуто во четвртокот, додавајќи дека стекнувањето на Гренланд е во национален интерес на САД и дека тоа прашање треба да биде решено.
Како и во првиот свој претседателски мандат, Трамп веднаш по враќањето во Белата куќа изрази интерес Гренланд, автономна територија на Данска, да стане дел од САД по неговиот реизбор во ноември. Тој не ја исклучи можноста за употреба на воена или економска моќ за да се убеди Данска да ја предаде територијата.
Рубио изјави за емосјата „The Megyn Kelly Show“ на Sirius XM дека Трамп сака да го купи Гренланд и не ја исклучи можноста употребата на воен притисок.
„Ова не е шега. Не станува збор за стекнување земјиште заради стекнување земјиште. Ова е наш национален интерес и треба да се реши“, рече Рубио.
Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој ги засили напорите за независност, постојано изјавува дека островот не е на продажба и дека неговите граѓани треба да одлучат за својата иднина.
Рубио во интервју рече дека Арктикот ќе стане критичен за бродските рути и дека САД мора да бидат способни да го бранат. Тој предупреди дека американскиот ривал Кина може да се обиде да го развие своето присуство во областа.
На прашањето дали САД ќе го поседуваат Гренланд за четири години, Рубио одговори: „Очигледно е дека тоа е приоритет на претседателот и тој јасно го кажа тоа (…) Сè уште не сме во позиција да зборуваме за тоа како точно тактички ќе продолжиме. Она во што можете да бидете уверени е тоа дека за четири години нашиот интерес за Арктикот ќе биде посигурен“.
Слични новости
Белгија добива влада по месеците преговори
Во земјата каде што федералните влади се традиционално коалициски влади, политичките партии постојано одбиваат да соработуваат со партијата Фламански интерес
Италијански суд повторно го блокираше притворањето мигранти во Албанија
Судот во Рим во петокот нареди група мигранти затворени во камповите во Албанија да бидат префрлени во Италија, велат изворите на Reuters, што е...
Бела куќа: Од сабота на сила стапуваат царините за Канада, Мексико и Кина
Американските царини за Канада, Мексико и Кина ќе стапат на сила во сабота, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит