Американскиот државен секретар Марко Рубио не планира да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел следната седмица, што е невообичаено отсуство на водечкиот американски дипломат од клучниот трансатлантски собир.
Неговиот заменик Кристофер Ландау ќе го претставува Вашингтон наместо Рубио, изјавил за Reuters функционер под услов да остане анонимен.
Сè уште не е јасно зошто Рубио одлучил да го пропушти состанокот на 3-ти декември, но неговите планови би можеле да се променат во последен момент.
Меѓутоа, објавата за неговото можно отсуство доаѓа во време кога американските и украинските претставници сѐ уште работат на усогласување на разликите околу мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, а некои европски дипломати изразуваат незадоволство што се изоставени од процесот.
НАТО годишно одржува два формални состанока на министрите за надворешни работи, а исклучително е ретко на нив да не присуствува шефот на американската дипломатија.
За време на првиот мандат на Трамп, тогашниот државен секретар Рекс Тилерсон првично планираше да го пропушти состанокот во април во 2017 година, но состанокот потоа беше поместен за да се прилагоди на неговиот распоред.
Претставник на НАТО изјавил за Reuters дека, сепак, не е невообичаено министер да го пропушти состанокот.
„НАТО е домаќин на серија министерски состаноци секоја година, и додека повеќето сојузници се претставени од министри на повеќето настани, не е невообичаено околностите да спречат министер да присуствува на сите состаноци на НАТО“, рече тој.
Отсуството на Рубио би можело дополнително да ги продлабочи прашањата за посветеноста на Вашингтон кон европската безбедност, што веќе беше доведено во прашање во последниве години, поишува натаму Reuters.
САД се најмоќната членка на НАТО и имаат несразмерно со останатите членки удел во вооружувањето на блокот и безбедносните гаранции, но Трамп постојано ја доведува во прашање нејзината неопходност и сугерираше дека ќе го повлече Вашингтон токму поради енормните трошоци. САД, инаку, по под повеќе претседателски администрации наназад бараат од своите европски сојузници повеќе да вложуваат во сопствената безбедност.
Ландау, дипломатот кој ќе присуствува на состанокот наместо Рубио, исто така ја доведе во прашање целта на натамошното опстојување на НАТО во објава на платформата X во јуни.
Слични новости
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе


