Сите жители на Ротердам ќе можат бесплатно да се зачленат во библиотека од 1. мај, по што ќе можат да позајмуваат шест книги годишно од една од 23 библиотеки, објавија градските власти, а пренесуваат холандските медиуми.
„Покрај тоа, на членовите им се даваат попусти или дури и бесплатен пристап до курсеви, настапи, предавања и други активности“, се вели во соопштението.

Жителите на Ротердам кои сакаат да позајмат повеќе книги или да користат е-книги или аудио книги, можат да изберат претплата што овозможува неограничено позајмување за четири евра месечно.
Гратскиот советникот Саид Касми рече дека библиотеката има „голема вредност“ за Ротердам од културна и образовна перспектива.
„Како советник за култура и образование, јас сум неверојатно горд што сме првиот град во Холандија што го направи овој важен чекор. Градот што чита е град што расте. А со овој чекор, ние само го правиме Ротердам посилен.
Главниот огранок на библиотеката во Ротердам ќе се реновира во наредните години. Зградата од 1983 година позната по своите дебели жолти цевки однадвор ќе биде завршена во 2029 година.
Слични новости
Депардје на суд призна дека фатил жена за бутините
Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје во вторникот пред судот призна дека ја зграпчил жената која го обвини за сексуален напад за бедрата, но нагласи дека тоа не е напад
Тајгер Вудс ја потврди врската со поранешната снаа на Трамп на функцијата
Голферот Тајгер Вудс потврди дека е во врска со 47-годишната Ванеса Трамп, поранешната снаа на американскиот претседател Доналд Трамп
Бебињата паметат повеќе отколку што мислите
Првите години од животот се период на интензивно учење, но луѓето обично не се сеќаваат на ова, феномен познат како инфантилна амнезија