Кристијано Роналдо се соочува со можност за суспензија од еден до шест месеци, откако предвреме го напушти кампот на португалската репрезентација. Според дисциплинскиот правилник на Фудбалската федерација на Португалија, играч кој неоправдано ќе го напушти репрезентативниот камп може да биде суспендиран до шест месеци, а предвидена е и парична казна.

Роналдо си замина откако селекторот Жорже Жезус потврди дека нема да биде стартер против Данска, а претходно остана на клупата во победата над Норвешка со 2:1.

Португалскиот капитен подоцна објасни дека меѓу него и Жезус постоел договор околу неговата минутажа, но дека договорот не бил испочитуван. Роналдо порача дека не се откажува од репрезентацијата и дека ја прифаќа секоја санкција за својата постапка.

Во меѓувреме, од португалската федерација и селекторот Жезус порачаа дека вратата за Роналдо во репрезентацијата останува отворена.

 

Слични новости

Арсенал со победа од 3:0 против Ковентри тргна во одбрана на титулата на стартот на Премиер лигата

Арсенал поведе уште во 15-тата минута со голот на Хаверц, а во 23-тата минута веќе беше 2:0 со гол на Сака. На почетокот на второто полувреме во листата на стрелци за Арсенал се впиша и Одегард, а до крајот на натпреварот немаше големи возбудувања, откако се беше решено.

Интер сака да го купи крилото на Арсенал Мартинели

Интер сака да го ангажира и крилото на Арсенал и на бразилската репрезентација Габриел Мартинели, кој сезонава доколку остане во Лондон ќе му биде резерва на Гркот Христот Цолис кој дојде во Арсенал од Бриж.

Ференцварош го победи Трабзон, Бенфика подобра од Архус

Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.