Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригеш на функцијата претседател на Бразилската фудбалска асоцијација, а светскиот шампион од 1994 и 2002 година ја најави својата кандидатура за редовните избори во март во 2026 година во интервју за порталот Globo.
„Веќе 20 години во бразилскиот фудбал владее некаква стагнација, без перспектива“, критикуваше 48-годишниот во разговорот и додава „Сите се незадоволни“.
Родригеш, кој сега има 70 години, е обвинет за нерегуларности на изборите во 2022 година на чело на Бразилската конфедерација. Во меѓувреме, судот во државата Рио де Жанеиро го смени од функцијата, а на таа функција се врати дури по налог на Врховниот суд.
Во бразилскиот фудбал, согласно статутот, можни се и предвремени избори од март 2025 година.
„Овие административни скандали, забрани, обвинувања… сево ова не му помага на бразилскиот фудбал. Мораме да обрнеме внимание, да видиме што се случува, што може да се случи и да бидеме подготвени за ситуацијата“, рече Роналдо, додавајќи дека проблемите на Бразилската федерација е многу подлабоко од самиот Родригеш.
Како претседател на CBF, Роналдо ќе мора да се откаже од сопствениот удел во шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид. Уште во април Роналдо најави продажба на акциите на клубот.
Слични новости
Украина бара јавно извинување од ФИФА поради картата за извлекување на Светското првенство
Украина побара јавно извинување од Светското фудбалско тело (ФИФА) за означување на Крим на мапата користена во жрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година
Линдзи Вон се враќа во Сент Мориц
Линдзи Вон објави дека ќе се врати на Светскиот куп по речиси шест години во два супер-Џи слалома во Сент Мориц во Швајцарија на 21 и 22 декември
НБА лига: Успешно враќање на Мареј во победата на Нагетс над Клиперс, „тивок“ Јокиќ
Денвер Нагетс синоќа на домашен терен ги победија Лос Анџелес Клиперс со 120:98 и тоа беше нивна прва победа во три обида против тој тим