Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригеш на функцијата претседател на Бразилската фудбалска асоцијација, а светскиот шампион од 1994 и 2002 година ја најави својата кандидатура за редовните избори во март во 2026 година во интервју за порталот Globo.
„Веќе 20 години во бразилскиот фудбал владее некаква стагнација, без перспектива“, критикуваше 48-годишниот во разговорот и додава „Сите се незадоволни“.
Родригеш, кој сега има 70 години, е обвинет за нерегуларности на изборите во 2022 година на чело на Бразилската конфедерација. Во меѓувреме, судот во државата Рио де Жанеиро го смени од функцијата, а на таа функција се врати дури по налог на Врховниот суд.
Во бразилскиот фудбал, согласно статутот, можни се и предвремени избори од март 2025 година.
„Овие административни скандали, забрани, обвинувања… сево ова не му помага на бразилскиот фудбал. Мораме да обрнеме внимание, да видиме што се случува, што може да се случи и да бидеме подготвени за ситуацијата“, рече Роналдо, додавајќи дека проблемите на Бразилската федерација е многу подлабоко од самиот Родригеш.
Како претседател на CBF, Роналдо ќе мора да се откаже од сопствениот удел во шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид. Уште во април Роналдо најави продажба на акциите на клубот.
Слични новости
„Шестка“ на Интер во Рим
Во дербито од 16. коло од италијанската лига, фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0
Австрискиот фудбалер Бургшталер нападнат во центарот на Виена
Бургшталер моментално е во болница, а Рапид објави и дека фудбалерот ќе биде надвор од терените неколку месеци
Преглед НБА лига: Победа на Далас над Голден Стејт, со рекордни „тројки“ на еден натпревар
Далас Маверикс синоќа на гостински терен ги победија Голден Стејт Вориорс со 143:133, а до победата ги предводеше Лука Дончиќ со 45 поени, 13 асистенции и 11 скока