Португалската фудбалска федерација планираше да организира натпревар на кој легендата на португалскиот фудбал по 23 години минати во репрезентацијата и официјално ќе се прости од националниот дрес, но тоа нема да се случи, затоа што Роналдо не сака проштален натпревар.

Досегашниот капитен на португалската репрезентација вчера обелодени дека се повлекува од репрезентацијата и не сакаше да одговори на телефонските повици на селекторот Жорж Жезуз за организирање на проштален натпревар.

Како што пренесуваат португалските медиуми Роналдо не сака да има никаков контакт со Жезуз со кого влезе во конфликт откако селекторот го остави на клупата за време на квалификациските натпревари во Лигата на нациите и нема да се врати во дресот на репрезентацијата ниту за проштален натпревар.

Слични новости

Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата

Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата

Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембенјама е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Вембенјама во минатата недела имаше просек од 36 коша, 10,3 скока, 3,7 асистенции и 4,3 блокади по натпревар.