Рома планира да ги раскине договорите со Леон Бејли и Костас Цимикас во зимскиот преоден рок, пишува италијанскиот весник „Коријере дело спорт“. Двајцата фудбалери во Рома се на позајмица и клубот има опција едноставно да им ги раскине договорите.

Причинита за тоа се нивните слаби игри и неуиграност во системот на тренерот Гасперини, па Бејли се враќа во Астон Вила, а Цимикас во Ливерпул.

Бејли беше повреден на почетокот на сезоната, но откако почна да игра не импресионираше, лесно го стопираа кога ќе добиеше топка и сеуште нема постигнато гол сезонава.

Од друга страна Костас Цимикас правеше премногу киксеви, а од месец ноември веќе не е во стартната постава на Рома.

Слични новости

Коубек нов чешки селектор

Коубек нов чешки селектор

Чешката фудбалска асоцијација во петокот објави дека Мирослав Коубек е назначен за селектор на Чешка, која ќе игра во квалификациите за Светското првенство 2026 во март