Фудбалерите на Рома синоќа ја победија Аталанта со 2:1 во натпревар од третото коло на италијанската Серија А. Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.
Претходно Интер со голем пресврт победи со 3:2 во дербито против Наполи. Наполи поведе со 2:0 на почетокот од второто полувреме, но со двата гола на Лаутаро Мартинез од кој едниот во судиското надополнување и голот на Турам Интер на Меаца славеше со 3:2.
Рома и Интер водат на табелата со по 9 бодови од три натпревари.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
