Фудбалерите на Рома синоќа ја победија Аталанта со 2:1 во натпревар од третото коло на италијанската Серија А. Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.

Претходно Интер со голем пресврт победи со 3:2 во дербито против Наполи. Наполи поведе со 2:0 на почетокот од второто полувреме, но со двата гола на Лаутаро Мартинез од кој едниот во судиското надополнување и голот на Турам Интер на Меаца славеше со 3:2.

Рома и Интер водат на табелата со по 9 бодови од три натпревари.

Слични новости

Артета со пофални зборови за Бруно Гимараеш и порака дека Арсенал не завршил со купувањата играчи во преодниот рок

Артета со пофални зборови за Бруно Гимараеш и порака дека Арсенал не завршил со купувањата играчи во преодниот рок

Арсенал освен Бруно Гимараеш, летово го донесе и грчкиот фудбалер Христос Толис од Клуб Бриж и сакаше да го ангажира и Винисиус Жуниор, но бразилецот сепак остана во Реал Мадрид.