Фудбалерите на Рома синоќа ја победија Аталанта со 2:1 во натпревар од третото коло на италијанската Серија А. Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.
Претходно Интер со голем пресврт победи со 3:2 во дербито против Наполи. Наполи поведе со 2:0 на почетокот од второто полувреме, но со двата гола на Лаутаро Мартинез од кој едниот во судиското надополнување и голот на Турам Интер на Меаца славеше со 3:2.
Рома и Интер водат на табелата со по 9 бодови од три натпревари.
Слични новости
Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година
Центарфорот на Барен Минхен Хари Кејн е прогласен за најдобар играч на Бундеслигата. Англичанецот ја доби наградата што ја доделува магазинот „Кикер“ врз основа на гласањето на Здружението на германски спортски новинари.
Барцелона ја стартуваше новата сезона со победа од 5:0 на гости против Елче и покана до Алварез
Барца ја орвори сезоната на најдобар можен начин. Блескаа Рафиња и Фирмињо со по два гола, а се истакна и новото засилување Ентони Гордон кој за пола час игра впиша две асистенции.
Тотенхем плати 327 милиони евра за засилувања, а нема тим и убедливо поразен на стартот од новата сезона
Ниту Сандро Тонали платен 108 милиони евра, ниту Фернандеш за кој Тотенхем издвои 98 милиони евра не му помогнаа на Тотенхем синоќа против Брентфорд кој убедливо славеше со 3:0 на стартот од премиер лигата.


