Романската полиција рано претпладнето во вторникот извршила претрес во домот на Раду Пали, шеф на предизборната кампања на изненадувачкиот победник на првиот круг на поништените претседателски избори во Романија, Калин Џорџеску, пренесуваат локалните медиуми.
Оваа акција предизвика жестока реакција од Џорџеску, кој ја осуди како обид за заплашување на политичките ривали и гласачите.
„Полицаецот (министер за внатрешни работи Кеталин Маријан) Предоју и неколку обвинители испратија маскирани мажи во домот на мојот шеф на кампања, Раду Пали, ова утро. Барам оваа злоупотреба да престане – не можете да не заплашите, нема да клекнеме на колена“, напиша Џорџеску на својот официјален профил на Facebook.
Министерството за внатрешни работи на Романија реагираше брзо, истакнувајќи дека акцијата се спроведува во рамките на истрага под надзор на надлежното обвинителство, во согласност со законските прописи.
„Ги отфрламе сите неосновани обвинувања за политизирање на работата на полицијата. Истражните активности на судската полиција се доверливи и се спроведуваат под надзор на обвинителството“, соопшти романската полиција.

Според извештаите на телевизијата Digi24, истражителите во видеоклип што го промовира Џорџеску откриле наводна референца до компанија во сопственост на Кренгуца Пали, сопругата на Раду Пали.
На 6. декември, Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори, поради разузнавачки извештаи според кои Џорџеску наводно го прекршил изборниот закон со лажно пријавување на нулта потрошувачка за кампањата. Притоа беше наведено дека неговата кампања на TikTok веројатно била спонзорирана од Русија, која ги отфрли обвинувањата како „недокажани инсинуации“.
Романската владејачка коалиција точно пред еден месец одлучи двата круга од претседателските избори да се повторат на 4. и 18. мај и ќе се придржува до првичниот план за поддршка на заедничкиот кандидат.
Трите излегувања на гласачките места за избор на претседател и за парламентот ја фрлија романската политика во хаос откако Калин Џорџеску, претходно малку познат краен десничар победи во првиот круг од претседателските избори на 24. ноември, а испадна фаворизираниот социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку. Во вториот круг на 8. декември, Џорџеску кој навестува дистанцирање од ЕУ и НАТО, требаше да се соочи со противничката од десниот центар, Елена Ласкони.
Поради сомневањата за наводно руско мешање во изборниот процес, највисокиот романски суд ги поништи претседателските избори и ѝ наложи на владејачката коалиција да ги повтори. Романскиот претседател во заминување Клаус Јоханис требаше да остане на функцијата до изборите во мај, но откако опозициската поведе иницијатива за негово отповикување најави дека во среда ќе се повлече. Во вторникот Уставниот суд на Романија го назначи актуелниот претседател на Сенатот, Илие Боложан за привремен претседател на земјата, кој ќе ја преземе функцијата утре.
Се очекува Боложан до крајот на денот да се повлече од лидерската позиција на Национал-либералната партија, бидејќи на претседателот на Романија не му е дозволено да биде член на ниту една политичка партија.
Коалициските партии во власта најавија дека ќе поддржат еден кандидат за да ја спречат победата на крајната десница. Тие го избраа Крин Антонеску, поранешниот лидер на лабуристите, иако аналитичарите веруваат дека на крајот би можеле да изберат некој друг.
На парламентарните избори на 1. декември, трите ултра-националистички и крајно десничарски партии освоија речиси 35 отсто од парламентарните места, трипати повеќе од претходните парламентарни избори, користејќи го бранот на романско незадоволство од внатрешните борби и обвинувањата за корупција од поголемите партии.
Како оправдување за катастрофалните резултати на етаблираните партии се наведуваат серијата кризи, вклучително и пандемијата ковид-19 и војната во соседна Украина, дополнително ја поткопале поддршката за центристичките партии.
Романскиот претседател е врховен командант на армијата и претседава со советот што одлучува за воената помош и одбранбените распределби. Претседателот ја претставува Романија на состаноците на ЕУ и НАТО и назначува главни судии, обвинители и шефови на разузнавачки служби.

Слични новости
Тензично во Белград пред големиот студентски протест закажан за 16 часот
Синоќа од разни правци на Србија пристигнуваа студенти кои беа пречекани од Белграѓани кои ги дочекаа на Теразије. Се проценува дека излегоа над 30.000 граѓани да ги дочекаат студентите
Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата
Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот