Обвинителството во Лос Анџелес соопшти дека нема да подигне обвинение против американскиот рок пејач Мерилин Менсон по повеќегодишна истрага за наводите за сексуален напад и насилство во неговото семејство. Окружниот обвинител во Лос Анџелес Нејтан Хохман рече дека доказите не се доволни за 56 годишниот рокер да биде обвинет.
Детективите на почетокот на 2021 рекоа дека го истражуваат Менсон поради инцидент меѓу 2009 и 2011 година во Западен Холивуд, каде што во тоа време живеел. Тој беше обвинет од британската глумица Есма Бјанко дека сексуално ја нападнал, а Менсон рече дека тоа не е вистина и дека е дел од координиран напад од повеќе жени врз него.
Бјанко го тужеше пејачот за сексуален напад и злоставување во 2009. Таа беше една од четирите жени што го тужеа пејачот, заедно со неговата поранешна асистентка Ешли Вотерс, манекенката Ешли Морган Смитлајн и уште една жена која реши да остане анонимна.
Повеќе од десет жени изнесоа јавни обвиненија против музичарот, меѓу кои и неговата поранешна вереница Еван Рејчел Вуд.
Слични новости
Фрагмент долг 19 километри се откина од најголемата санта мраз на светот
Првпат огромен фрагмент, речиси колку Париз, се отцепи од најголемата санта мраз во светот, чие движење подалеку од Антарктикот го следат сателити, изјавија научниците
По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо
Четири децении по нивниот историски прв настап во Италија во Санремо во 1985 година, британскиот синт-поп бенд Duran Duran повторно ќе настапи на годишниот музички фестивал, објави неговиот менаџер и уметнички директор Карло Конти
Птици, реки, Леонардо и Марија Кири на новите евра
Европската централна банка (ECB) избра идеен дизајн за нови банкноти на еврото, кој вклучува птици, реки и познати личности како Марија Кири и Леонардо да Винчи