Обвинителството во Лос Анџелес соопшти дека нема да подигне обвинение против американскиот рок пејач Мерилин Менсон по повеќегодишна истрага за наводите за сексуален напад и насилство во неговото семејство. Окружниот обвинител во Лос Анџелес Нејтан Хохман рече дека доказите не се доволни за 56 годишниот рокер да биде обвинет.
Детективите на почетокот на 2021 рекоа дека го истражуваат Менсон поради инцидент меѓу 2009 и 2011 година во Западен Холивуд, каде што во тоа време живеел. Тој беше обвинет од британската глумица Есма Бјанко дека сексуално ја нападнал, а Менсон рече дека тоа не е вистина и дека е дел од координиран напад од повеќе жени врз него.
Бјанко го тужеше пејачот за сексуален напад и злоставување во 2009. Таа беше една од четирите жени што го тужеа пејачот, заедно со неговата поранешна асистентка Ешли Вотерс, манекенката Ешли Морган Смитлајн и уште една жена која реши да остане анонимна.
Повеќе од десет жени изнесоа јавни обвиненија против музичарот, меѓу кои и неговата поранешна вереница Еван Рејчел Вуд.
Слични новости
Кање Вест и Бјанка Сенсори исфрлени од Греми наградите поради непристојна облека
Раперот Кање Вест и австралиската манекенка Бјанка Сенсори кои се брачен пар, биле исфрлени од полицијата од овогодинешното доделување на наградите...
Дог Мен најгледан филм викендов на Бокс офисот
Анимираниот филм на Дримворкс Анимејшн и Универзал „Дог Мен“ е на првото место на американскиот Бокс офис со освоени 35 милиони долари.
Бијонсе и Ламар победници на Греми наградите
Бијонсе имаше 11 номинации за нејзиниот осми студиски албум „Cowboy Carter“ и беше наградена за најдобар албум и најдобар кантри албум