Реформата во правосудството е мајка на сите реформи. Тоа мора да биде приоритет и цврсто верувам дека ова е основата. Откако реформите ќе бидат спроведени, корупцијата може да биде елиминирана, а довербата исто така и на инвеститорите ќе се врати и тоа е многу важно за државата да просперира, изјави вечерва во интервју за националната телевизија евроамбасадорот Михалис Рокас.
Потсетува дека експерти на ЕУ дале 40 препораки и сугестии, како и извештаи за состојбата во правосудството, а посочи и на Извештајот за напредокот на Македонија.

„Сето тоа содржи сѐ што треба да се направи за усогласување на земјата со стандардите на ЕУ во контекст на владеење на правото. Значи, сето ова е дел од процесот. Вистина е дека има неколку препораки за составот и изборот на членовите на Судскиот совет, за разрешувањата и механизмите, но сето тоа е дел од механизмите што треба да се воведат, вклучително и новите закони што треба да се применат“, рече Рокас.
Нашите препораки, додаде тој, не се насочени против одредени поединци во судскиот систем туку претставуваат низа значајни препораки кои доколку се имплементираат и законите бидат усвоени ќе овозможат зајакнување на судството и неговото независно функционирање.
Слични новости
Во Македонија пристигнати 15 лекари специјалисти за да помогнат околу третманот на повредените во Кочани
15 специјалисти од Србија и Чешка се пристигнати во Македонија за да помогнат во лекувањето на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.
Студентите на УКИМ неделава ќе организираат собири за жртвите во пожарот, од Ректоратот имаат дозвола за прекин на наставата
Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства. Првиот заеднички час е денеска од 12 часот на кампусот на факултетите од општествените науки
Поведена постапка против 11 лица, за 8 веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
Обвинителството во понеделникот доцна вечерта соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително