Бразискиот напаѓач Родриго не може да го пронајде своето место откако Чаби Алонсо стана тренер на Реал Мадрид. Тој е сосема во втор план, неговите бројки се фрустрирачки и очајнички бара клуб во кој би играл од јануари, за да ја подигне формата до Светското првенство во фудбал.

Медиумите пишуваат дека најверојатно тој заминува за Лондон, во Тотенхем или Челси. За него најдобра опција е Тотенхем, бидејќи во Челси ќе треба да се натпреварува на левата страна со Алехандро Гарначо и Џејми Гитенс.

Реал Мадрид летоска бараше обештетување од 100 милиони евра за Родриго, но сега е јасно дека клубот не може да ги добие тие пари и дека ќе мора да ја симне цената за обештетување.

Слични новости

Извлечени групите за Светското првенство 2026

Извлечени групите за Светското првенство 2026

Жрепката за Светското фудбалско првенство во 2026 година во Вашингтон беше спектакл во холивудски стил, експлозија од гламур, црвени теписи и мноштво светски ѕвезди, а Македонија доколку го мине плејофот против Данска а потоа биде подобра и во соочувањето со победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска ќе се најде во групата А