Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите.

Барањето доаѓа по минатонеделното образложение на обвинителниот акт за трагедијата кое го даде јавниот обвинтел Љупчо Коцевски, а за што на саботниот „Марш за ангелите“ родителите нагласија дека не ги разбрале наводите.

– Како што веќе најавивме во саботата, денеска доставивме писмено барање за средба со обвинителите за подетално да ни ја образложат истражната постапка и обвинението. Претходно ја добивме информацијата дека од Обвинителството се подготвени да се сретнат со нас и откако меѓусебно ќе се договориме, ќе доставиме известување за можниот термин на средбата, истакна Марија Петрушова, мајка чиј син настрада во „Пулс“.

На последниот „Марш за ангелите“ во Кочани, родителите на починатите во трагичниот пожар истакнаа дека не се правници и не го разбрале обвинението против осомничените

Нагласија дека од суштинска важност за нив е Основното јавно обвинителство целосно да ги запознае со исходот од истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт, односно кои физички и правни лица се опфатени, против кого се води постапката, а кои лица се изземени од одговорност.

Родителите сметаат дека неприфатливо е како најдиректно засегнати да добиваат информации преку медиуми или од неофицијални канали, поради што бараат транспарентност и директна комуникација со надлежните институции. Поддршка за следење на целата постапка побараа и од Коалицијата за правично судење и од Транспаренси Македонија.

globe

Слични новости

Радев: Бугарија никогаш не поставила и не нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколa

Радев: Бугарија никогаш не поставила и не нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколa

Ние сакаме час поскоро се што стои во тие документи да се запази. Тоа што сакаме да го видиме е навистина запазување на човековите права. Станува збор за човекови права, чекаме трета година да се отвори процесот на присоединување и да почнат преговори со Северна Макеондиај и со промени во Уставот. Моето прашање е зошто тоа не се случува, изјави Радев, по денешната заедничка прес-конференција со претседателката на Македонијав Гордана Сиљановска – Давкова и албанскиот претседал Бајрам Бегај, кои учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ

Сиљановска Давкова: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

Сиљановска Давкова: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

Во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската унија, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во нејзиното обраќање на собирот во Тирана

Досега 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел

Досега 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел