Родителите на загинате во дискотекат,,Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за причините за смрт на нивните деца не се целосни и бараат дополнителни вештачења.
Александар Наунов, татко на загинато девојче кој е и претседател на Здружението „16 Март 2025 се сомнева дека причина за смрт е и присуството на цијанид во телата на загинатите, но тоа, како што рече не е утврдено со форензичките анализи на МВР, иако било оставено како можност.
„Цијанид можен, анализи нема. Сериозен јаз меѓу институционалните тврдења и обдукциската документација отвора прашање за вистинската причина за смртта на нашите најмили. Иако во одговорот во ОЈО се наведува дека вештачењата на Институтот за хемија и анализите на МВР-ОФИ ја потврдиле веројатноста дека испуштање на цијанидни гасови како последица на согорување на материјалите во клубот, е клучното прашање кое останува неодговорено. Дали при обдукциите е направена конкретна токсиколошка анализа за цијанид и други отровни гасови во телата на нашите починати деца. Во обдукциските наоди како причина за смрт е наведено задушување од јаглерод моноксид меѓутоа во самиот обдукциски наод јасно се наведува дека од телата се земени и крв и урина за одредување на јаглерод моноксид, како и за токсиколошката анализа при што изрично стои дека останатите токсиколошки анализи ќе бидат дополнително доставени на семејствата“, праша Наунов.
Ова, посочи не е содржано во конечните обдукциски наоди и отвора сериозен сомнеж.
Според Наунов, додека не се објават и документираат резултатите од сите дополнителни токсиколошки анализи не може со сигурност да се тврди дека причината за смрт е целосно и точно утврдена.
На денешното рочиште воведни зборови треба да даде одбраната на обвинетиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, Александар Нацев, како и правните застапници на трите обвинети фирми за трагедијата.
Слични новости
СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ, каде завршија 100 милиони евра
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност.
Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател
По два месецa од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател, известува охридската ТВМ
Во Собранието ќе се бираат нови министри
Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина


