Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката Пулс најавија од денеска секојдневни мирни јавни собири и блокади во градот. Причината за ваквата одлука е тоа што судскиот процес, како што предупредија правни експерти,  може да трае со години.

Собирите и блокадите ќе траат по еден час, а ќе се одржуваат во периодот од 15 и 15 до 6 и 15 часот и же траат се додека не почне судскиот процес.

Родителите побараа за да се зголеми капацитетот на судскиот состав со дополнителни судии и судски соработници за да не се одолговлекува процесот поради недостиг на ресурси и порачаа дека рочиштата мора да добијат приоритет и постојано темпо.

Обвинението за трагедијата во Кочани беше одобрено пред неколку дена и назначена судијката која ќе го води процесот.

Слични новости