Роверот на американската вселенска агенција НАСА наречен Персевиранс, наксоро ќе постави нов историски рекорд како возило кое поминало најголема оддалеченост на некоја друга планета.
Роверот Персевиранс кој има големина на автомобил, слета на Марс во февруари 2021 и наскоро ќе ја надмине границата од поминати 45 километри на површината на Марс.
Со ова достигнување Персевиранс ќе го собори претходниот рекорд што го држеше долговечниот ровер Опортјунити, возило со кое е прекината комуникацијата во 2018 година, а Персевиранс ќе ја надмине истата оддалеченост за три пати помалку време.
Клучот на овој успех е во напредната технологија на автономно возење, објасни НАСА.
Слични новости
Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар
Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.
