Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги утврди новите малопродажните цени на нафтените деривати за наредниот период.
Во пресрет на одлуката, Владата соопшти дека мерката за намалена акциза на горивата останува во сила до 15 јуни, а дополнително е обезбеден и попуст од два денари по литар преку договор со ОКТА.
Според владините проценки, дизел горивото би можело да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека кај бензините се очекува намалување од приближно 1,5 денари по литар.
Од Владата оценуваат дека мерките имаат за цел да го намалат товарот врз граѓаните и компаниите, особено во секторите кои најмногу зависат од транспортот и енергенсите.
Слични новости
Продажбата на Тојота падна за повеќе од 7 насто
Јапонскиот производител на автомобили Тојота мотор забележа пад на продажбата на возила ширум светот втор месец по ред, пред се поради намалената побарувачка на Блискиот исток.
Цената на нафтата надмина 110 долари за барел
Утрово на берзите нафтата од типот Брент порасна за 1,7% на 110, 1 долар, а цената на американската сурова нафта Фјучерси WTI порасна за 1,6 % на околу 98 долари за барел, достигнувајќи двонеделен максимум.
Падот на потрошувачкото расположение во Германија го достигна најниското ниво во последните три години
Вредноста на индексот на потрошувачкото расположение во Германија во прогнозата за мај падна од ревидираните минус 28,1 , на минус 33,3 поени


