Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО

Со одлуката што е донесена денеска, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, влијанието на крајната цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во просек ќе биде од 1 до 1,2 проценти. Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енерија е 4 проценти, за дистрибуција на електрична енергија е 33 проценти, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 проценти. Со тоа вкупно во делот каде што има влијание РКЕ на цената на електричната енергија има намалување од 37 проценти врз крајната цена.

„Овие одлуки обезбедуваат компаниите да си ги покријат своите трошоци, да ги реализираат одобрените инвестиции и да си ги покријат трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во соодветната мрежа. При носењето на овие одлуки за пренос на електрична енергија преку факторот за корекција одземени се 7,1 милион евра кои копмпанијата ги остварила во 2024 година повеќе од тоа што било одобрено од РКЕ, а во Електродистрибуција одземни се 16,3 милиони евра“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

globe

Слични новости

ОПЕК се откажа од зголемено производство, цените на нафтата во пораст

ОПЕК се откажа од зголемено производство, цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата пораснаа за близу два насто, што е најмногу во изминатите седум дена, откако ОПЕК плус потврди дека се откажа од зголеменото производство на нафта планирано за првиот квартал од наредната година.

Инфлацијата во Хрватска двојно повисока од онаа во еврозоната

Инфлацијата во Хрватска двојно повисока од онаа во еврозоната

Годишната инфлација во еврозоната во октомври изнесуваше 2,1 насто, додека во Хрватска во октомври изнесуваше 4,0 насто, што е двојно повеќе од просекот во еврозоната и меѓу највисоките во Европската унија, се наведува во најновите податоци на Евростат.