Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО
Со одлуката што е донесена денеска, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, влијанието на крајната цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во просек ќе биде од 1 до 1,2 проценти. Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енерија е 4 проценти, за дистрибуција на електрична енергија е 33 проценти, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 проценти. Со тоа вкупно во делот каде што има влијание РКЕ на цената на електричната енергија има намалување од 37 проценти врз крајната цена.
„Овие одлуки обезбедуваат компаниите да си ги покријат своите трошоци, да ги реализираат одобрените инвестиции и да си ги покријат трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во соодветната мрежа. При носењето на овие одлуки за пренос на електрична енергија преку факторот за корекција одземени се 7,1 милион евра кои копмпанијата ги остварила во 2024 година повеќе од тоа што било одобрено од РКЕ, а во Електродистрибуција одземни се 16,3 милиони евра“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.
Слични новости
Доларот ослабе, нафтата пoeвтини
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути во четвртокот во раното претпладневно тргување се лизна втор ден по ред
Волстрит порасна четврти ден по ред
Берзанските индекси на Волстрит пораснаа четврти ден по ред во средата, но обемот на тргување беше скромен бидејќи во четврток поради празникот Денот на благодарноста во САД не се работ, додека во петок на најголемата берза во светот ќе се работи скратено
Повторно влошена состојбата на германскиот пазар на труд
Состојбата на германскиот пазар на труд повторно се влоши во ноември, а прогнозите покажуваат само мало подобрување во наредниот период


