Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО
Со одлуката што е донесена денеска, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, влијанието на крајната цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во просек ќе биде од 1 до 1,2 проценти. Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енерија е 4 проценти, за дистрибуција на електрична енергија е 33 проценти, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 проценти. Со тоа вкупно во делот каде што има влијание РКЕ на цената на електричната енергија има намалување од 37 проценти врз крајната цена.
„Овие одлуки обезбедуваат компаниите да си ги покријат своите трошоци, да ги реализираат одобрените инвестиции и да си ги покријат трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во соодветната мрежа. При носењето на овие одлуки за пренос на електрична енергија преку факторот за корекција одземени се 7,1 милион евра кои копмпанијата ги остварила во 2024 година повеќе од тоа што било одобрено од РКЕ, а во Електродистрибуција одземни се 16,3 милиони евра“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.
Слични новости
Цените на нафтата близу 63 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во четвртокот на меѓународните пазари близу 63 долари, со слабо тргување пред празничниот викенд во САД и со премерување на шансите за постигнување мировен договор за Украина и полесен пристап до руската нафта
Кинезите го купуваат германскиот спортски бренд „Пума“
Кинескиот производител на спортска опрема Анта спортс ја разгледува понудата за превземање на компанијата Пума, а акциите на германската компанија пораснаа за 14 насто по оваа вест.
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи се тргуваат претпазливо во четвртокот претпладнето, бидејќи во моментов нема значајни вести што би можеле да го насочат пазарот, па по неколкудневен раст, берзанските индекси стагнираат


