Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО
Со одлуката што е донесена денеска, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, влијанието на крајната цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во просек ќе биде од 1 до 1,2 проценти. Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енерија е 4 проценти, за дистрибуција на електрична енергија е 33 проценти, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 проценти. Со тоа вкупно во делот каде што има влијание РКЕ на цената на електричната енергија има намалување од 37 проценти врз крајната цена.
„Овие одлуки обезбедуваат компаниите да си ги покријат своите трошоци, да ги реализираат одобрените инвестиции и да си ги покријат трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во соодветната мрежа. При носењето на овие одлуки за пренос на електрична енергија преку факторот за корекција одземени се 7,1 милион евра кои копмпанијата ги остварила во 2024 година повеќе од тоа што било одобрено од РКЕ, а во Електродистрибуција одземни се 16,3 милиони евра“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.
Слични новости
Европските индекси неизедначени, во фокусот инфлацијата во земјите на еврозоната
Ноември беше нестабилен месец за акциите, бидејќи на пазарот завладеа страв поради можната преценетост на технолошките компании и очекуваните профити поврзани со вештачката интелигенција, анализира Си Ен Ен.
Трговскиот суфицит на ЕУ со САД намален во третиот квартал
Суфицитот на Европската унија во трговската размена со Соединетите држави значително се намали во третиот квартал, при што европскиот завод за статистика забележа дека на почетокот од годинава го достигнал највисокото ниво откако се објавуваат ваквите податоци
Доларот зајакна, цените на нафтата пораснаа
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во утринското тргување во петокот. И покрај тоа, индексот на доларот е на пат кон седмичен пад од околу 0,7 отсто


