Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО
Со одлуката што е донесена денеска, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, влијанието на крајната цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во просек ќе биде од 1 до 1,2 проценти. Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енерија е 4 проценти, за дистрибуција на електрична енергија е 33 проценти, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 проценти. Со тоа вкупно во делот каде што има влијание РКЕ на цената на електричната енергија има намалување од 37 проценти врз крајната цена.
„Овие одлуки обезбедуваат компаниите да си ги покријат своите трошоци, да ги реализираат одобрените инвестиции и да си ги покријат трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во соодветната мрежа. При носењето на овие одлуки за пренос на електрична енергија преку факторот за корекција одземени се 7,1 милион евра кои копмпанијата ги остварила во 2024 година повеќе од тоа што било одобрено од РКЕ, а во Електродистрибуција одземни се 16,3 милиони евра“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.
Слични новости
Цените на нафтата над 63 долари
Цените на нафтата останаа над 63 долари на меѓународните пазари во петокот, со пригушено тргување поради празникот во САД и воздржаност пред состанокот на водечките производители за снабдување
Биткоинот го продолжува бавното закрепнување, порасна на 79.576 евра
Вредноста на биткоинот на најголемата светска берза на криптовалути Бајненс порасна за 1,3 насто на 79.576 евра што укажува на продолжување на благо опоравување на пазарот.
Од 1 декември поскапува парното греење, сметките повисоки за околу 130 денари
Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бескимовски


