Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година. За истиот период за 2,67 отсто е намален надоместокот за пренос на електрична енергија, односно за користење на преносниот систем од МЕПСО, а за 3,4 отсто е намалена цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО
Со одлуката што е донесена денеска, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, влијанието на крајната цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во просек ќе биде од 1 до 1,2 проценти. Влијанието, пак, на крајната цена за пренос на електрична енерија е 4 проценти, за дистрибуција на електрична енергија е 33 проценти, а влијанието на операторот за пазар на електрична енергија е 0,19 проценти. Со тоа вкупно во делот каде што има влијание РКЕ на цената на електричната енергија има намалување од 37 проценти врз крајната цена.
„Овие одлуки обезбедуваат компаниите да си ги покријат своите трошоци, да ги реализираат одобрените инвестиции и да си ги покријат трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во соодветната мрежа. При носењето на овие одлуки за пренос на електрична енергија преку факторот за корекција одземени се 7,1 милион евра кои копмпанијата ги остварила во 2024 година повеќе од тоа што било одобрено од РКЕ, а во Електродистрибуција одземни се 16,3 милиони евра“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.
Слични новости
Швајцарците јасно го отфрлија данокот за супербогатите
Швајцарците јасно со 79 отсто од гласовите на излезените на референдумот во неделата го отфрлија предлогот за воведување данок од 50 отсто на наследство во вредност од 50 милиони швајцарски франци и повеќе, објави јавниот радиодифузен сервис SRF во првичната проценка на резултатите
Светските берзи силно пораснаа во очекување на намалување на каматната стапка во САД
Светските берзи силно пораснаа минатата седмица, поттикнати од закрепнувањето во технолошкиот сектор и надежите на инвеститорите дека американската централна банка дополнително ќе ги намали каматните стапки во декември
Доларот падна во однос на кошничката со валути, еврото зајакна
На глобалните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути значително падна минатата седмица, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка дополнително ќе ги намали клучните каматни стапки во декември


