Бразислкиот напаѓач и некогашен репрезентативец Ришарлисон не успеа да најде ангажман во преодниот рок, а во Тотенхем е прецртан и не е ниту регистриран за новата сезона.
Во финишот на минатата сезона Ришарлисон му порача на тренерот Де Зерби дека сака да замине и дека не се гледа себе си во Тотенхем и целото лето клубот од Лондон ја држеше вратата отворена за негов трансфер.
Во финишот не преодниот рок Ришарлисон беше блиску до тоа да потпише договор со Евертон, но разговорите не успејаа. Потоа Бразилецот преговараше и со Транзонспор од Турција, но и тие разговори пропаднаа, а преодниот рок во Турција заврши.
До јануарскиот пероден рок Ришарлисон ќе нема ангажман.
Слични новости
По победата врз Интер во дербито, Милан подготвува засилувања во јануари за да влезе во трка за Скудетото
Победата од 3:1 во дербито со Интер им отвори шанси на фудбалерите на Милан дека би можеле да се борат за титулата оваа сезона, а јануарскиот преоден рок се смета за клучен за засилувањата во тимот.
Јувентус го победи Наполи со 2:0 и засега е спасен Спалети на клупата
Фудблаерите на Јувентус го победија Наполи со 2:0 на домашен терен во 10-тото коло од Серија А. Водството на Јувентус им го донесе босанскиот фудбалер Керим Алајбеговиќ во 70-тата минута, а конечниот резултат во 87-та го постигна Жереми Бога.
Никола Јокиќ стигна до јубилејниот 200-ти трипл дабл во НБА лигата
Српскиот центар Никола Јокиќ го постигна за Денвер 200-иот трипл дабл во кариерата, откако на гостувањето во Њу Орлеанс постигна 21 кош, 13 скокови и 10 асистенции. На Јокиќ му се потребни уште 10 трипл-даблови оваа сезона за да го престигне Расел Вестбрук и да избие на првото место на вечната листа на НБА.


