Францускиот нов бран доби поттик со „Nouvelle Vague“ („Новиот бран“) на режисерот Ричард Линклејтер, почит на револуционерното филмско движење и „До последниот здив“ на Жан-Лик Годар.

Гијом Марбек го толкува Годар како „кул“, неприлагоден, бунтовен уметник кој никогаш не ги вади своите темни очила за сонцениз кој го гледа светот.

 Собира група актери и екипа за да го снимаат неговото ремек-дело на улиците на Париз, но во од и никогаш во повеќе од два обида, предизвикувајќи паника кај сите околу него бидејќи е перцепиран како невнимателен и некој којшто не знае што прави.

Во неговата орбита се Франсоа Трифо (Адриен Рујар), Ерик Ромер (Ком Тиулен), Жак Ривет (Жонас Марми), Клод Шаброл (Антоан Бесон) и Ањес Варда (Роксан Ривиере), столбовите на растечкиот француски нов бран.

Зои Дојч ја игра Џин Сиберг, американска актерка вовлечена во сцената која се прашува дали го прокоцкала својот живот поради каприците на еден млад режисер, кој имал само 30 години во времето на снимањето на „До последен здив“.

Линклејтер, работејќи според сценарио на Холи Гент и Винсент Палмо, користи лесен и опуштен комичен тон низ целиот филм и ја евоцира младешката енергија на сцената што ги занемарува традициите и воспоставените практики на филмот од тоа време.

Снимен од Дејвид Шамбил во остра црно-бела техника, симболична за ерата на филмот што ја прикажува, Годар е прикажан како воин за вистината, запаметен по реплики како „сè што ви треба за да направите филм е девојка и пиштол“.

globe

Слични новости

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.