Актерот Рик Хофман кој го играше адвокатот Луис Лит во деветте сезони на хит серијата Сјутс, ќе се појави и во спин офот на серијата Сјутс ЛА во улога на истиот лик.

Хофман не е единствениот лик од оригиналниот каст што ќе игра во Сјутс ЛА, откако претходно беше најавено дека во серијата ќе се појави и Габриел Махт кој ја играше главната улога во серијата и го толкуваше ликот на успешниот адвокат Харви Спектор.

Досега се емитуваа две епизоди од спин офот на Сјутс со пристојна гледаност на Нетфликс.  

Слични новости