Тешко ми е да замислам дека Балканот би можел да биде приоритет за Соединетите Американски Држави, со оглед на сите турбулентни настани што се случуваат во светот, вели поранешниот висок функционер на американскиот Стејт департмент Филип Рикер
„Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот, особено во текот на 1990-тите и раните 2000-ти години, кога работев во регионот. Сега, има и други предизвици. И, како што истакна новоизбраниот претседател Доналд Трамп: Америка на прво место. Што е во американскиот интерес, како некое дејствување ќе им помогне на САД, нашата економија и нашите интереси. Тоа е нешто на што можеме да работиме заедно во целиот регион и во таква активност може да бидат вклучени и САД“– рече Рикер во интервју за српскиот портал „Радар. Нова“.
Дипломатот Рикер вели дека со оглед на тоа што Косово и Србија воопшто не биле спомнати во претседателската кампања во САД, не гледа оти прашањето за Косово во моментов е приоритет.
„ Не гледам дека во моментов има некаков напредок по прашањето за Косово. Знаете, не е многу паметно да организирате меѓународен настан ако не сте убедени дека можете да постигнете нешто конкретно. Ова е особено случај кога паралелно со ова има многу други главни актуелни прашања на глобално ниво. Во оваа насока, секако не гледам дека организирањето на меѓународна конференција може да биде приоритет за САД. Верувам дека треба да се запрашате, гледајќи го ова прашање од перспектива на новоизбраниот претседател Трамп: Што од тоа би било во интерес на Америка? Не забележав дека за време на претседателската кампања во САД, во целата политичка дискусија воопшто се споменуваше Србија, Косово или целиот регион. Тешко ми е да замислам дека тоа би можело да биде приоритет, со оглед на сите турбулентни настани што се случуваат во светот“, вели Рикер.
Слични новости
Црна Гора: На седница на парламентарна комисија фрлена димна бомба
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен удар во Црна Гора
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник